Програма втор ден Новогодишен Базар- Забава за деца со пиратот, Пијан Славеј
Програма втор ден Новогодишен Базар:
Недела – 29.12.24г
11.00ч – 12.00ч Забава за деца со пиратот Капетан Морган
12.00ч – 13.00ч Пијан Славеј – електро акустично дуо
13.00ч – 15.00ч DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов
Базарот е во организација на Општина Прилеп во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители, на Платото кај Градскиот Саат.
Пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе ги чуваме, ќе им се понудат на Прилепчани во трите предновогодишни денови.