Дедо Мраз предновогодишно со пајтон и на Широк сокак
На Широк сокак во Битола, Дедо Мраз предновогодишно продефилира со пајтон и ја збогатија Зимската Приказна 2024, која ќе трае до 6 јануари. Со нови атракции, празнична атмосфера и привлечна туристичка понуда, Битола оваа година привлекува вниманието на туристите од цела Македонија и регионот.
Годинава, акцентот на Зимска Приказна е ставен на поддршката за локалните трговци, угостители и хотелиери. Очекувањата се дека зголемената посетеност на туристи и граѓани ќе има директно позитивно влијание врз локалната економија.
Преку зголемување на посетеноста во ресторани, кафулиња, продавници и сместувачки капацитети, се очекува Битола да ја зацврсти својата позиција како туристичка дестинација во зимскиот период.