|

Започна реконструкцијата на локалниот пат од Врбоец кон Свети Митрани

Крушево, 4 јули 2025 – Денес започна последната фаза од реконструкцијата и продолжувањето на локалниот пат што ги поврзува селата Врбоец и Свети Митрани. Станува збор за дел од инфраструктурен проект кој има за цел подобрување на патната мрежа во руралните подрачја на општина Крушево.

Со оваа активност се очекува олеснување на пристапот до село Свети Митрани, подобра поврзаност со останатите населени места, како и олеснет транспорт за жителите, земјоделците и посетителите во овој дел од општината.

Локалната самоуправа информира дека проектот се реализира во повеќе фази, а оваа е завршниот дел од градежните зафати на трасата Врбоец – Свети Митрани. Изведбата ја спроведува избраниот изведувач по претходна јавна набавка.

Од Општина Крушево најавуваат дека вакви инфраструктурни зафати ќе продолжат и во наредниот период, со цел подобрување на условите за живот и работа во сите населени места во општината.

Слични Објави