Прилеп доби независен советник – Мирјана Стеваноска го напушти мнозинството
Прилеп доби независен советник – Мирјана Стеваноска го напушти мнозинството
Денес советничката Мирјана Стеваноска избрана од редовите на ЗНАМ, објави дека ќе дејствува како независен советник во Советот на Општина Прилеп.
Со оваа одлука, таа официјално го напушта досегашното советничко мнозинство и се префрла на страната, како што кажа во обраќањето, која службите и го доделиле на почетокот по грешка, т.е. страната на опозицијата.
На Прилеп му требаат советници со интегритет, став, мислење и гласност кои што ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, а не груапа која што работи во интересите, исклучиво на една политичка стурктура. Знам дека ќе има притисоци да си поднесам оставка, но тоа нема да го направа, не затоа што ми треба ова место, туку за да не го отстапан на некој послушник. – изјави стеваноска.


