|

Намален притисок во високите делови. Губиток на вода од 56% (видео)

Со доаѓањето на летните горештини, првите сериозни проблеми со водоснабдувањето веќе ги погодија жителите на Прилеп. Според информациите од ЈКП „Водовод и канализација“, градот во просек има потреба од околу 260 литри вода во секунда за нормално снабдување. Но, изминативе денови, особено во попладневните часови, потрошувачката достигнува и до 420 литри вода во секунда.

Овој енормен раст на потрошувачката доведе до намалување на притисокот, особено во високите зони на градот, каде што граѓаните се соочуваат со сериозен недостиг на вода.

Водоводната мрежа до манастирот „Трескавец“ е целосно обновена, каде претпријатието има надлежност.

Од Водовод апелираат до граѓаните да ја користат водата рационално и да избегнуваат прекумерна употреба, особено за полевање и други ненаменски цели. Од претпријатието информираат дека делумно го надминале проблемот со прераспределување на дел од водата од пониските кон високите делови на градот.

Губитокот на вода е 56%, заради дефекти на водоводната мреже и диви приклучоци. Претпријатието не знае колкав е процентот на губитокот поради дивите приклучоци.

Слични Објави