Прскање против комарци во општина Кривогаштани
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ!
Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе спроведе адултицидна теристичка дезинсекција на подрачјето на општина Кривогаштани на 23 јуни 2025 година, во временскиот интервал од 21:00 до 04:00 часот.
Оваа акција е во согласност со одлуката на ЕЛС-Кривогаштани за спроведување на системска дезинсекција со цел уништување на комарци. Дезинсекцијата ќе се изведува од земја со употреба на УЛВ апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило, во придружба на возило со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните населени места и критични точки:
- Врбјани
- Крушеани
- Обршани
- Бела Црква
- Пашино Рувци
- Боротино
- Славеј
- Кривогаштани
- Локации: депонија, Блато река, пречистителна станица, пилана, резервоар, попатни канали, шамаци и места со стоечки води.
Апел до пчеларите: Се препорачува навремено преземање на заштитни мерки за пчелните семејства заради избегнување на евентуални штети.
Во случај на неповолни временски услови (дожд или силен ветер), дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот следен поволен ден.
Центарот за јавно здравје – Прилеп и Општина Кривогаштани се оградуваат од одговорност за можни несакани последици доколку граѓаните не се придржуваат до препораките.
.