Комплексот „Езеро“ реконструиран, ред е на граѓаните – да го зачуваме
Во комплексот „Езеро“ е завршена поправката на сите детски реквизити и спортски терени. Просторот повторно е подготвен да ги пречека посетителите во безбедна и уредена средина, погодна за игра, спорт и рекреација.
Извршено е темелно чистење на целиот комплекс, вклучувајќи отстранување на отпадоци, уредување на зеленилото и чистење на пешачките патеки. Целта е да се обезбеди пријатен амбиент за сите граѓани кои го посетуваат овој простор.
Надлежните упатуваат апел до посетителите да ја одржуваат хигиената и да го чуваат просторот, користејќи ги корпите и контејнерите за отпадоци. Само со заеднички однос кон животната средина, комплексот „Езеро“ може да остане место за уживање и одмор за сите генерации.