Програма за дочек на Новата 2025 година на плоштадот „Александрија“
Прилеп се подготвува за новогодишна ноќ со музичка програма и забава за сите генерации. На 31 декември 2024 година, на плоштадот „Александрија“, граѓаните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во дочек на Новата година.
Во главната вечерна програма, која започнува во 22:00 часот, ќе настапат:
- Cyrillic, најпознатото македонско DJ дуо, кое со своите енергични сетови ќе создаде вистинска новогодишна атмосфера.
- Балканика Бенд и вокалистот Сашо Башески, кои ќе го донесат магичниот звук на Балканот директно на сцената и ќе ја загреат публиката до првите часови од 2025 година.
За најмладите, забавата започнува уште напладне. Во 12:00 часот, на Камената Бина ќе се одржи фестивалот „Весели Ѕвончиња by Jana“, исполнет со игри, музика и дружење, идеален за децата и нивните семејства.
Прилепчани се поканети заедно да ја испратат 2024 година и да ја дочекаат 2025-та со радост, музика и позитивна енергија.
Локација: Плоштад „Александрија“, Прилеп
Датум и време: 31 декември 2024 година, почеток од 22:00 часот