| |

Претседателката на Македонија стана покровител на 60. јубилеј на МТФ „Војдан Чернодрински“

Денес беше остварена средба меѓу претседателката Гордана Силјановска-Давкова и Ана Стојаноска, уметничка директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

По средбата, претседателката со задоволство ја прифати улогата на покровителка на јубилејното, 60. издание на фестивалот, кој ќе се одржи во јуни следната година под мотото „Храбриот нов театар“.

Јубилејното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ е значаен настан за македонската театарска сцена и ветува иновативна и квалитетна програма.

Слични Објави