|

ОПШТИНА БИТОЛА СО ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ПОДДРШКА НА ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИ ЗА 2024 ГОДИНА

Јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетото на општина Битола за поддршка на проекти на млади.

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на младински организации и организации за млади за спроведување на проекти и активности за младите од Општина Битола за 2024 година.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Битола согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2024 година во висина од 550.000,00 денари се врши преку грантови за проекти за млади.

Јавниот повик ќе трае 10 дена, сметано од денот на објавувањето.

Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк :

https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-mladi/.

Слични Објави