| |

Затворање на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” 2024

Денеска е затворањето на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” . Посетителите ќе имаат можност да уживаат и денеска во музиката и активностите кои се предвидени во програмата.

Во 16:00 часот на Плоштад Никола Мартиноски, концерт на фолклорниот ансамбл „DUNA Népzene – Néptánc Tanoda“ од Баја (Унгарија) и народниот оркестар „Juhász Zenekar“ од Суботица (Р. Србија), во организација на Здружението на Унгарците во Р. Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија во Скопје.

Во 20:30 часот на Летна сцена, следи концертот “Приказни од македонската ризница” во изведба на Влатко Груевски (тенор) и Андреј Наунов (пијано)

Во 22:00 е затворањето на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” 2024, со церемонијално спуштање и засолнување на бајракот на Крушевската Република и почесна стрелба за хероите на Илинден.

Слични Објави