Интервју со Горан Степановски директор на ЈП Комуналец Битола
Во интервјуто со Горан Степановски Директор на ЈП Комуналец Битола, разговараме за Јавно претпријатијатие кое треба да биде сервис на граѓаните, а не да се искористуваат граѓаните со наметнување на високи цени. Во таа насока ЈП заедно со советот прават анализи за исплатливост на ценатата, за да бидат на страна на граѓаните.
Ќе слуштете и за тоа, Колку се води сметка за зеленилото во општината? Колку се почитуваат Европските стандарди, за собирање и рециклирање на одпадот и негова обработка? Почиста општина, за Цените на услугите… Повеќе во самото интервју
Што вели Законот за комуналните дејности? Законот за комуналните дејности ги смета комуналните дејности како стопански дејности (давање услуги) и надзор над тие услуги. Таквата дејност се врши преку јавно претпријатие основано од општината или Владата, но тоа може да биде и правно и физичко лице со дозвола за вршење комунална дејност. Урбаната опрема служи за обезбедување комунални услуга и „за заедничка потрошувачка“ и Советот тоа „општо“ го регулира со посебен акт, како и комуналната инфраструктура. Подетално, комуналните услуги се предмет на „Одлука за комунален ред“ на Советот на општината. Услугите се наплаќаат од граѓаните, а комуналните претпријатија добиваат пари и од буџетите на општините и од владата, од кредити и од донации. „Комуналните дејности“ се вршат врз основа на развојни планови и програми кои се донесуваат за период од три години. ЈП, чиј основач е општината, сѝ донесуваат годишна програма, по претходна согласност од Советот и носат Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.