Повик до Стари лица и лица кои што живеат самостојно, за користење на бесплатни услуги Пријавување од 02.07.2024 до 05.07.2024
Врз основа на програмата Општинско – корисна работа на ден 02.07.2024 година Општина Ресен објавува: Ј А В Е Н П О В И К до Стари лица и лица кои што живеат самостојно како корисници на сервисни услуги
Се повикуваат сите стари лица кои живеат сами односно со својот брачен другар, како и лица кои што живеат самостојно да се вклучат во програмата Општинско – корисна работа која што ги опфаќа следните услуги:
- Подршка при самостојно живеење
- Набавка на лекови
- Поддршка при одржување на хигиена во домот
- Прошетка
- Помош при извршување на секојдневните обврски
- Поддршка за организирање на социјален живот во функција на активно стареење
- Организирање и поддршка при постета на културни настани во пензиорнетски здруженија и други здруженија
- Давање на основни информации за дигитални апликации
- Организација на креативни работилници за стари лица, организирање и поддршка на активности за трансфер на знаење од стари на млади лица
се со цел унапредување на квалитетот на животот на старите лица и лицата кои живеат самостојно и нивна инклузија во заедницата, како крајни корисници за користење на бесплатни сервисни услуги во домашни услови и надвор од домот, да се пријават во Општина Ресен во период од 02.07.2024 до 05.07.2024 година.
Потребни документи:
- Барање за учество во програмата Општинско – корисна работа
- Изјава за Согласност
- Лична карта на увид
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Ресен кај лицето Илче Ристевски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“. – Стои во Јавниот повик од општина Ресен. Официјален линк од повикот