| | |

Акција: Тротоарите ги враќаме на пешаците!

Тротоарите се наменети за безбедно и непречено движење на пешаците, а не за паркирање на возила! По одржаниот координиран состанок помеѓу градоначалникот на општина Прилеп, претседателката на Советот, ЈП за ПУП и претставници на ОВР Прилеп, од 24 март започнуваме една недела само со известување до возачите, а потоа ќе следуваат и соодветно пропишаните санкции за сите непрописно паркирани возила на тротоарите каде што нема обележан паркинг простор и на пешачките зони.

Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет!

Да ги почитуваме правилата за поуреден и безбеден Прилеп!

Апелираме до сите возачи да покажат свесност и одговорност.

Тротоарите се за пешачење – не за паркирање!

Слични Објави