Од Иванден до Петровден по 7ми пат се одржува Демихисарската летна школа

Од 07 до 12 Јули, или од Иванден до Петровден по 7ми пат се одржува Демихисарската летна школа, која прерасна во препознатлив научно-едукативен бренд. Според својот формат, концепција, број на учесници, теми и учество на релевантни државни образовни и научни институции и едукатори, а особено според бројот на заинтересирани студенти, дипломци, магистранди и докторанди, е пред сите слични т.н. летни работилници.

Школата традиционално ја предводи познатиот македонски и балкански византолог, проф.д-р Сашо Цветковски, научен советник во ЦИКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ и дописен член на МАНУ, како и познати универзитетски професори од државниот Универзите „Св. Кирил и Методиј “ Скопје – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф.д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, проф. д-р Виктор Недески и проф. д-р Тони Филиповски од Институтот за историја.

На 7ми јули, Иванден, во манастирот Св. Јован Претеча Слепче којшто е соорганизатор на Школата, се одржува симболичниот почеток на Школата, а на 8ми јули почнуваат теренските и наставно-теоретските активности.

Во рамките на програмата, во попладневната сесија од првиот работен ден, 8.7.2024, предавање за житието на светата преподомномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска, ќе одржи отец Серафим, игумен на манастирот Св. Јован Претеча Слепче.

Линк до Програмата за Демихисарска летна школа

Демирхисарската летна школа ја финансираат Општина Демир Хисар и манастирот Св. Јован Претеча, а ја поддржува и Министерството за култура.

Слични Објави