„Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“ во Прилеп
Во Прилеп денеска се одржа настанот „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, кој донесе празнична атмосфера и културно збогатување во градот.
Присутните имаа можност да проследат разновидна програма исполнета со музички и сценски изведби, како и креативни точки подготвени од ученици. Со своите настапи, тие го претставија францускиот јазик и култура, истакнувајќи ја мааната на образованието, талентот и меѓусебната соработка.
На настанот присуствуваа и претставници од Француски институт, како и амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер. Учество зедоа и ученици и наставници од училишта од Прилеп, Битола и Кривогаштани.
Настанот беше посветен на промоција на францускиот јазик, културата и вредностите на заедништво и соработка, а Прилеп уште еднаш се потврди како активен учесник во ваквите културни иницијативи.



