Отворена канцеларија на странска компанија – Младите во Могила добиваат можности за работа без да се селат
Во Општина Могила започна со работа канцеларија на компанија за видео-мониторинг која делува на меѓународен пазар. Новата канцеларија овозможува ангажман на локално население, без потреба од преселба или секојдневно патување до поголемите градови.
Eдна од нововработените, вели дека оваа можност ѝ го променила секојдневието.
„Работам за истата компанија, но порано патував секој ден до Битола. Сега работам во мојата општина, што ми заштедува време и трошоци. Имам повеќе време за семејството и чувствувам дека навистина можам да планирам долгорочно тука.“
Покрај оваа активност, во тек е и развојот на индустриската зона Петилеп, каде се очекува отворање на нови компании од лесна, незагадувачка индустрија. Проектот има за цел да создаде нови работни места и да понуди алтернатива за економска активност на локално ниво.
Градоначалникот на Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила изјави:
„ Покрај овој проект се работи и на индустриската зона Петилеп, каде што во наредниот период се очекува отворање на нови компании од лесна, незагадувачка индустрија, со што ќе се создадат нови вработувања за жителите од нашата општина. Со вакви конкретни чекори и реални можности за работа во самото место на живеење, директно влијаеме на намалување на миграцијата и обезбедуваме подобра иднина за младите во руралните средини.“
Според општинските податоци, во следниот период се планираат и дополнителни активности поврзани со економски развој и привлекување инвеститори.



