Увид на градежни активности на улица ,,ШЕМНИЦА” во село Могила.

Општина Могила продолжува со инвестирањето во инфраструктурата.
Денес е направен увид во градежните активности на улицата во село Могила, средствата се обезбедени во соработка со Министерството за транспорт и врски.
Со силно темпо и во наредниот период продолжуваме да ги реконструираме и асфалтираме улиците низ цела општина.
Продолжуваме да ја градиме општина Могила, ќе вложуваме во секое населено место! - стои на фејбук страната на Градоначалниот Драганчо Саботковски.