Прилепчаниецот Белистојаноски со злато од Европското првенство во Кипар
Белистојаноски настапи во категоријата кумите до 67 килограми и со одлични борби стигна до финалето, каде што беше поуспешен од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, победувајќи со 2:0. Со тоа се искачи на највисокото место на пиедесталот и ја донесе европската титула во Прилеп.
Овој успех претставува еден од најзначајните резултати за македонското карате во младинските категории и уште една потврда за квалитетот, дисциплината и континуираниот напредок на Белистојаноски.
Златниот медал од Лимасол е голема радост за спортски Прилеп и силен мотив за новите генерации млади каратисти во Македонија.
Прилеп и Македонија имаат нов европски шампион. Матеј Белистојаноски, македонски репрезентативец и член на Карате клубот „Олимпик“ – Скопје, освои златен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У21, кое од петокот до денеска се одржа во Лимасол, Кипар.