|

Промоција на нова збирка песни и раскази

Во среда, со почеток во 18:30 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп. ќе се одржи промоција на новата книга што е резултат на заедничката соработка меѓу македонски и странски автори, иницирана од Марилена Стреи-Бианки. Делото претставува продолжение на двојазичната (македонско-англиска) збирка „Емоции“.

Уметниците од Македонија и Италија, обединувајќи го својот внатрешен и надворешен свет, преку поезија и проза создаваат мостови меѓу културите и чувствата. Книгата е симбол на континуиран дијалог во духот на слободата и разбирањето.

Во оваа збирка со свои песни и раскази се претставуваат: Андриана Ристеска, Апостолос Константакакис, Беатриче Бресан, Габриела Станоеска Стојаноска, Игор Трпчески, Марилена Стрeит-Бианки, Петре Петрески и Сузана Ѓорѓиевска.
Автори на илустрациите се: Василка Фимков, Дарко Талески и Методија Јорданоски, додека корицата е фотографија на дело од 2015 година на академскиот сликар Кирил Гегоски.

Настанот е отворена покана за сите љубители на литературата и уметноста – градејќи мостови, рушејќи бариери и создавајќи нови хоризонти.

Слични Објави