ОРДАНОСКИ: ПОТРЕБЕН Е СИСТЕМ КОЈ САМ ЌЕ МЕТЕ, БЕЗ КАМПАЊСКО ПОПУЛИСТИЧКО ЗАЧИСТУВАЊЕ НА КАДРОВСКИОТ ДВОР

„Тргнуваме во една порасчистена ситуација. Сега е навистина последен час за спроведување на реформи. Изговори не постојат. Таа свест постои и во Влада, останува да видиме дали има капацитет за да се прави тоа. Потребен е систем –  да се изразам со речникот на политичкото секојдневие, кој сам ќе мете, ќе нема потреба од кампањски и популистички акции за зачистување на дворот кадровски.

Агендата за реформите е одамна утврдена. Таа не доживува некои значајни промени или изненадувања во смисла на тоа што треба да се работи, но власта, оваа сегашнава, немаше доволно концентрација во изминатите година и пол дена да може со потполна посветеност да се зафати со спроведување на таа агенда“ – заклучува Сашо Орданоски.

Изјавата на Орданоски е дел од панелот „Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?“ , кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.

Погледнете повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар