ДУЈОВСКИ: НЕДОСТИГА ХРАБРОСТ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ СО ОДРЕДЕНИ СТРУКТУРИ ШТО СЕ БОЛНA ТОЧКA ЗА БЕЗБЕДНОСТА

„Глобалната слика е дека и во безбедноста нема некое реално поместување, луѓето така ги оценуваат состојбите, меѓутоа, ние, што посериозно се занимаваме со прашањата во областа на безбедноста, знаеме дека во изминативе две години се донесоа бројни законски решенија, имаме нова агенција во безбедносниот систем…

За МВР. Генерално, недостига објективна процедура. Сеуште се врзуваат за некои субјективни влијаниja, и од министерството и надвор од министерството, од Владата, а треба да се трудиме што поскоро да градиме објективен пат. Недостига храброст за промени, треба да им се даде и поттик и поддршка за што побрзо да расчистат со одредени структури што и те како се болна точка во безбедносниот систем. Иако, генералните политики имаат позитивен тренд“ – потенцира деканот на факултетот за безбедност Никола Дујовски.

Изјавата на Дујовски е дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.

Погледнете повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар