Предлозите за 2024 година, жителите од Општина Могила ќе ги доставуваат преку е-услуга
Клучен сегмент за транспарентни отчетни општини е и подобрување на квалитетот на административните услуги кои ги нуди општината за граѓаните и бизнисите. Во време на дигитализација, нудењето на електронски административни услуги значи побрза и поедноставена испорака на услуги, но и дава особен придонес во промовирање на вредностите на добро управување.
Администрацијата на Општина Могила, следејќи ги новите трендови и потреби на жителите од Општина Могила воведе е-услуга каде по електронски пат жителите од сите населени места од општината ќе можат со свои предлози и идеи да учествуваа во креирањето на Буџет на општината за 2024 година.
Во продолжение официјалниот линк од Општина Могила https://mogila.gov.mk/ucestvo-vo-donesuvanje-budzet/
Со овозможувањето граѓаните да преземат активна улога во буџетскиот процес, преку
истакнувањето на своите потреби и приоритети во текот на процесот на подготовка на предлог буџетот, ќе се зголеми и интересот на граѓаните да вршат надзор не само како нивните (јавните) пари се трошат, туку и како и до кој степен се остваруваат нивните идеи. Транспарентен, лесно достапен и лесно разбирлив буџет е одлика на отчетна власт.
А доколку граѓаните имаат доверба во трошењето на јавните финансии, ќе бидат и мотивирани да ги плаќаат даноците и другите локални давачки, што пак позитивно ќе се одрази и на буџетот на локалната самоуправа.