Библиотеката „Борка Талески“ со нова директорка
Андриана Ристеска е новоименувана директорка на библиотеката „Борка Талески“ Прилеп
Андриана Ристеска, економист по професија, поет по вокација, претседател на Клубот на литературни творци од Прилеп е новоименувана директорка на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, на местото на досегашната Моника Талеска.
Директорката Ристеска доаѓа од приватен сектор! Таа е именувана на оваа функција, по распишан јавен конкурс од градоначалникот Борче Јовчески, по истекот на мандатот на досегашната директорка Талеска.
Во просториите на библиотеката во присуство на Комисија е извршено примопредавање на сите должности.
Фото – ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ – ПРИЛЕП