| |

„Создавам, значи постојам“ – 80 години современ македонски јазик во Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ Битола

СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ Битола, одбележувањето на јубилејот по повод 80 години настава на македонски современ јазик го започна со книжевно-ликовниот настан „Создавам значи постојам“.

На настанот, учениците ги прочитаа нивните авторски творби наградени на литературниот конкурс. Директорката Лидија Споа им додели благодарници и пригодни награди. Исто така, учениците изложија повеќе нивни дела – илустрации на македонската современа книжевност, со што се нагласи континуитетот на наставниот процес. Овој јубилеј за македонистите е од особена важност, бидејќи нивната работа е повеќеслојна. Го предаваат македонскиот јазик со првоговорните и правописните особености. Им ја развиваат љубовта на учениците не само кон книгата и кон пишаниот збор, туку и преку многубројните поврзувања и читања преку различни дела градат мостови не само со општествените, туку и со природните науки.

Настанот се одржа во Галеријата „Ранко Струмениковски“

Слични Објави