Општина Новаци утре слави 28 години
Убав јубилеј, кој општината ќе го одбележи со Свечана седница на Советот и со положување цвеќе на гробот на Пеце Матичевски.
За сето ова време, општината порасна во независен институционален фактор, со сопствена структура, способност за извршување на своите надлежности, кои им се дадени со Законот за локална самоуправа и со соодветна кадровска структура, која е прилично напредна за една средина составена од селски заедници.
Сите специфики на оваа Општина се одразени во самата структура на општината, која е, со време, приспособена на потребите на граѓаните, иако од таму признаваат дека уште многу мора да се направи, за да престанат негативните процеси на исселување на младите. Оваа општина акцент има ставено и на отворањето на индустриски капацитети, со кои би се обезбедиле доволно привлечни работни места, па во тој поглед не чуди нивната заложба за изготовка на урбанистичко плански акти – токму во таа насока. Не оди лесно, скапо е, кадри недостасуваат, но отвореноста на раководството на општината не остава место за сомнеж дека постои движење кон подобро.
Честит да им е јубилејот на Новачани и следниот да го пречекаат со уште повеќе постигнувања и решени проблеми на граѓаните