„8% ?“ – гостува во Крушево.
Општина Крушево ве кани на документарната претстава „ 8 % ? “ – која ќе се одржи на 04.10.2024 година (петок), со почеток во 20 часот во горната училишна зграда. Влезот е слободен!
Претставата „8% ?“ е работена според истражување и интервјуирање на лица од различни градови во државата кои биле изложени на дискриминација, семејно насилство и системски неправди. После неколку месеци истражувачка фаза во текот на 2023 година креативниот тим во соработка со интервјуираните лица во претставата раскажуваат различни непријатни вистини кои се сензитивни за македонскиот народ како и за системот. Вистини кои лицата се плашат да ги кажат на глас. Вистини кои друштвото не ги препознава или најстрашно – ги одбегнува.
Во претствата, освен актерите – исто така се појавуваат и вистински личности кои публиката има прилика да ги слушне нивните фатални проблеми кои зависат од системот.
Заклучокот од истражувањето и пораката на АТО Центар заедно со театарскиот тим до јавноста е дека:
“Системот сме ние, и ние го градиме системот! ОДГОВОРНИ СМЕ СИТЕ!”
Автор и Режија – Јован Ристовски
Ко – Автор – Весна Куслеска
Костимограф – Марта Дојчиновска
Драматург – Билјана Крајчевска
Актери:
Марија Стефановска – Менаџерка
Наталија Ристевска – Асистентка
Соња Михајлова – Црната / Режисер
Никола Пројчевски – Канцелариски Координатор
Петар Горко – Шеф
Учесници:
Ивана Атанасоска
Весна Софронијевска
Биљана Тодоровска Биљана Тодоровска
Шминка: Стефанија Илиевски
Светло: Никола Горгиевски
Сценска техника: Горан Јованов
Координатор: Александра Десковска
Театарската претстава е поддржана од GIZ North Macedonia
Пријатели на проектот: Комисија за спречување и заштита од дискриминација
https://www.facebook.com/share/v/NgpLYnJnrthvEKCQ/?mibextid=oFDknk