Книжевна пролет кај градскиот Саат
Во сабота, 30 март од 10:00 до 17:00 часот, на платото кај градскиот Саат во Прилеп, неколку издавачки куќи, ќе ги претстават своите изданија, со што читателската публика ќе има можност за увид во најновите текови на светската и македонската книжевност
Културниот настан “Книги во Прилеп” го организира Здружението за културна размена Логос, со поддршка на Општина Прилеп, има за цел да ја разбуди книжевната пролет кај прилепчани!
Ќе бидат претставени класични дела, детски изданија како и дела од современи странски и македонски автори.