|

62-ра седница на Советот на Општина Ресен на 28 февруари – Граѓаните ќе можат да ја следат во живо на YouTube

Советот на Општина Ресен ќе ја одржи својата 62-ра седница во петок, 28 февруари 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во салата на Советот.



Седницата ќе биде пренесувана во живо на официјалниот https://www.youtube.com/@opshtinaresen/streams канал на Општина Ресен, овозможувајќи им на граѓаните директно да ја следат работата на Советот.

На дневен ред на седницата ќе се најде усвојувањето на записникот од претходната, 61-ва седница, како и други 11 прашања од интерес за граѓаните.

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  – Усвојување на записникот од  61-та седница

  1. Предлог – Одлука за формирање на Верификациона комисија.
  2. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Ресен.
  3. Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за статут и прописи.
  4. Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за јавни дејности.
  5. Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
  6. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
  7. Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.\
  8. Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.
  9. Предлог – Одлука за резервирани средства за експропријација во Буџетот на општина Ресен за 2025 година.
  10. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешната организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Ресен.
  11. Советнички прашања.

Линк од објавата

Слични Објави