АХВ откри новогодишни пачетчиња со изминат рок. Проверерувајте пред да ги понудите на деца!

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела извршија вонредни контроли во магацини за пакување новогодишни пакетчиња и продавници кои ги продаваат. При извршените 62 контроли, беа откриени неправилности во означувањето на пакетчињата. Четири оператори не ги почитувале прописите за означување, а во три случаи не биле наведени роковите на траење на производите.

„Кај 3 вида на пакетчиња е констатирано дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што е наредено  да се повлечат од промет“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во два случаи, пакетчињата содржеле производи со изминат рок на траење или со краток рок до декември 2024 година. Во овие случаи, АХВ издаде наредби за повлекување на производите од продажба и нивно уништување.

На операторите кои не ги исполниле регулативите им биле издадени решенија за отстранување на неправилностите, како и прекршочни пријави. Агенцијата апелира до сите оператори да ги почитуваат стандардите за безбедност на храна и заштита на потрошувачите.

Слични Објави