| |

ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА „4 НОЕМВРИ“

Како дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, синоќа се одржа традиционалната ноќна атлетска трка „4 Ноември“.

На 67-та по ред ноќна атлетска трка, зедоа учество над 600 учесници и тоа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта и ученици од сите 4 години од средните училишта.

На најстариот спортски настан во градот, зедоа учество и претставници на компании и други граѓани.

На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место, а беа доделени и екипни награди.

Наградите ги доделија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, како и претставниците на Општинскиот сојуз на спортови.

Слични Објави