ОПШТИНАРИТЕ ГИ СОСЛУШАА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
Денес во Општина Прилеп на средба со првите општинари беа претседателите на урбаните и месните заедници.
На средбата се разговараше, како заеднички да се решаваат сите барања на граѓаните и предизвиците кои стојат пред сите прилепчани. На оваа средба беше заклучено, дека само преку дијалог и заедничка работа меѓу граѓаните и општината, можат да донесат напредок и подобри услови за сите во секоја населба и секое населено место.
Ваквиот тип на средби треба да продолжи, за да се слушнат што е можно повеќе предлози од граѓаните, при креирањето на општинскиот буџет за 2025 години.