Општина Битола со јавен повик за поддршка на лица со ретки болести

Општина Битола објави Јавен повик за финансиска поддршка на лица со ретки болести, со цел покривање на трошоци за лекување и патување до здравствени установи надвор од Битола.

Поддршката е наменета за лица кои се наоѓаат во социјално и здравствено загрозена состојба и имаат потреба од лекување или медицински услуги кои не се достапни во Битола.

Средствата се обезбедени преку Програмата за социјална заштита на Општина Битола, а може да се користат за:

  • патни трошоци,
  • медицински третмани,
  • други неопходни потреби поврзани со лекувањето.

Пријавувањето е отворено во текот на целата година, сè до исцрпување на средствата.
Исплатата ќе се врши два пати годишно – во јули и во декември, а секое лице може да добие поддршка еднаш годишно, до максимален износ од 30.000 денари, во зависност од потребите за лекување надвор од Битола.

Критериумите, условите и потребната документација се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола. https://www.bitola.gov.mk/lica-so-retki-bolesti/

Слични Објави