Кога и како е дозволено граѓанското учество во Локалната самоуправа
Граѓанското учество претставува вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Законот вели дека „Комуникацијата помеѓу локалната власт и граѓаните мора постојано да се практикува преку институционални механизми“ . Посредното учество на граѓаните е преку избраните претставници, а директното преку „облици на учество на граѓаните во одлучувањето“ (чл. 25, 29 и 30 од ЗЛС):
- Отворени седници на Советот на општината и тие се јавни (само со причини согласни Статутот може јавноста да биде исклучена, но само со двотретинско тотално мнозинство гласови и тоа не во сите случаи: На расправата за буџетот, годишната сметка на буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста не може да се исклучи);
- Граѓаните имаат право да ја следат работата на советот, по претходно утврдена процедура;
- Обраќање на граѓанин/ка/ни до Советот е можно по претходна најава;
- Навремено информирање за одржување на седница со дневен ред;
- Објавување во службениот весник на општината, најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување на сите донесени акти;
- Пренос во живо на седниците на Советот – линк на општинската веб-страница за каналот преку кој се пренесува седницата (Facebook, Youtube…);
- Отворен – приемен ден, на кој градоначалниците и/или претставниците на Советот, администрацијата, ЈП… ги среќаваат граѓаните – директно, со претходно известување;
- Електронска двонасочна комуникација;
- Годишен извештај („отчет“) во вид на хартиена или е – публикација за публикување на веб-страница;
- Граѓански буџет е презентација на истите податоци од „отчетот“ јасно и сликовито, со план за трошење во наредната година, со приходи и расходи по области и проекти.



