|

Ѓоко Јочкоски е нов директор на ЈКП„Водовод и канализација“- Прилеп

Ѓоко Јочкоски е именуван за нов директор на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ – Прилеп. Тој е дипломиран машински инженер и долгогодишно вработен во претпријатието.



Со оваа одлука завршува мандатот на досегашниот директор, Игор Гуламоски, во чие време, претпријатието, ЈКП „Водовод и канализација“ се соочи со значително зголемување на финансиските обврски и акумулирање на долгови.

Од локалната самоуправа најавуваат дека новото раководство ќе се соочи со предизвикот за стабилизација на работењето, подобрување на финансиската состојба и нормализирање на услугите кон граѓаните.

Назначувањето на Јочкоски доаѓа во период кога претпријатието се наоѓа под зголемено внимание поради состојбата со долговите и потребата од подобрување на комуналната инфраструктура во Прилеп

Слични Објави