Жителите од Општина Долнени со свои предлози можат да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2024 година
Граѓаните мора да знаат како и за што се трошат нивните пари, но исто така треба да знаат и за проектите што се планираат со буџетски пари да се реализираат во наредната година.
Во периодот кога се подготвуваат општинскиот буџет за наредната 2024 година, се конципираат програмите, се определуваат приоритетите и проектите, па и општина Долнени повикувајќи се на транспарентноста и отчетноста во својата работа, во креирањето на буџетот за 2024 година ги повикува своите жители да земат учествуво во креирањето на буџетот за 2024 година.
„Вклучете се во креирањето на Буџетот и поддржете го партиципативниот развој на општина Долнени“ стои во повикот на општинската веб страна.
Граѓаните, месните заедници, здруженија на граѓани и институции, своите предлози, програми и идеи можат да ги испратат електронски на официјалниот емеил – info@opstinadolneni.gov.mk или во хартиена форма до архивата на општината најкасно до 16.12.2023 година.
Со посветена работа и континуиран дијалог со жителите од сите населени места во општината, проблемите можат да се надминат и да се решат.