|

97-годишна битолчанка се кандидира за советничка

Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола на претстојните локални избори е 97-годишната Цветанка Велјанова, кандидатка на политичката партија МААК.



Според податоците од Општинската изборна комисија, веднаш зад Велјанова по возраст е нејзиниот сопартиец Кирил Добрушевски, кој има 81 година. Трет на оваа неформална листа е Трајан Котевски, стар 80 години, кој настапува како кандидат на листа поддржана од група избирачи.

Освен највозрасните, изборите во Битола ќе ги одбележат и најмладите кандидати. Четворица осумнаесетгодишници за прв пат ќе се појават на изборни листи – Александар Јовановски од иницијативата „ГРИН“, Енес Баталовски и Лејла Усеини од коалицијата ВЛЕН, како и Марко Адам Котевски, кандидат на група избирачи.

Вкупно 16 кандидатски листи со 496 кандидати ќе се борат за советнички места во Општина Битола, што ја прави изборната трка интересна поради широкиот возрасен спектар – од оние кои штотуку станале полнолетни до кандидати кои влегуваат во својата десетта деценија од животот.

Слични Објави