Јавна дебата за влијанието на крушевската депонија

Крушево – Здружението Од млади за млади Крушево во соработка со Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС организираат јавна дебата за влијанието на крушевската депонија врз животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

Дебатата ќе се одржи во сабота, 21 февруари 2026 година, во Бутик хотел „Св. Никола“ во Крушево, со почеток во 11 часот.

Сите заинтересирани граѓани можат да го потврдат своето учество преку одговор на е-поштата или на телефонскиот број 075 252 133.

На дебатата ќе се разгледуваат влијанијата на депонијата врз околината, можните решенија за подобрување на состојбата и учество на локалната заедница во процесот.

Со оваа иницијатива, организаторите сакаат да поттикнат отворена и конструктивна дискусија за еколошките предизвици во Крушево.

Слични Објави