Стефани Талевска од с. Гнеотино oсвои втора награда на регионален напревар во англиски јазик
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денеска ја прими Стефани Талевска од с. Гнеотино, ученичка во осмо одделение при ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци, по повод нејзиниот одличен успех и освоеното второ место на регионалниот натпревар по англиски јазик.
На приемот присуствуваше и нејзината наставничка и менторка, Аспасија Стојчевска, со чија посветена работа и поддршка Стефани успеа да се истакне меѓу најдобрите млади познавачи на англискиот јазик од регионот.
Градоначалникот ѝ честиташе на Стефани за постигнатиот резултат, посочувајќи дека ваквите успеси се гордост за целата општина и мотив за уште поголеми вложувања во образованието. Тој ја пофали и наставничката Стојчевска за нејзиниот ангажман и истакна дека Општина Новаци ќе продолжи да ги поддржува младите таленти и образовни институции во нивните идни заложби.
„Ваквите успеси се доказ дека трудот, знаењето и посветеноста секогаш се препознаваат и вреднуваат. Стефани е пример за тоа дека и од малите средини можат да произлезат големи успеси“, изјави градоначалникот Стевановски.