ОПШТИНА БИТОЛА ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ЗА 2024 ГОДИНА

Општина Битола може да се пофали дека е прогласена за најтранспаретна општина за 2024 година, чија активна транспаретност изнесува 100% (од можни 100%) со што општината се наоѓа во групата институции со ,,многу добра,, активна транспаретност-што подразбира исполнување на обврските од 80% до 100%. Со овие бодови, Општина Битола се наоѓа на делба на првата позиција од вкупно 98 рангирани институции. Општина Битола се најде во најдобрата групата на институции со многу добра активна транспаретност уште од почетокот на рангирањето од 2016 година.

,Индекс на активна транспаретност, издава Центарот за граѓански комуникации кој спроведе истражување во рамките на проектот ,,Мониторинг на јавни набавки,,.

Според методологијата на Центарот за граѓански комуникации и сеопфатното истражување со кое се мери степенот на активна транспарентност на сите државни институции, општина Битола го оправда своето работење во полето на добро управување, промоција на начелата на транспаретност, одговорност, отчетност, ефикасност и владеење на правото, двонасочна комуникација со медиумите и граѓаните.

Слични Објави