| |

Во Новаци за буџетот може да се учествува и ЕЛЕКТРОНСКИ

Последниот квартал од годината општините вообичаено го користат за добивање предлози од граѓаните при креирањето на буџетот за следната година. Притоа, се користат различни форми на прибирање предлози, од непосредни средби со граѓаните кои ги води градоначалникот со неговиот тим, до организирање на буџетски форум, како структурирана форма за добивање предлози по секоја од програмите кои го сочинуваат општинскиот буџет.

Општина Новаци е една од Општините во Пелагонискиот регион која ги започна теренските консултативни средби со жителите и останатите засегнати страни во планирање на буџетот за 2024 година.

Но покрај вообичаенитот начин кои до сега го практикуваа преку непосредни средби со населението, оваа година општината изработи контакт форма каде жители, секој предлог или идеја кои сметаат дека треба да бидат реализирани наредна 2024 година, можат да ги пратат ЕЛЕКТРОНСКИ преку контакт формат.

Во продолжение линк за Електронско поднесување предлози

Слични Објави