THE DOCTORS НА КАМЕНА БИНА

The Doctors е прилепски рок бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 4 члена, меѓу кои Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани и Марко Стојаноски на гитара.

Овој бенд изведува англиски рок, поп и рок-поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рок музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.

Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток свират трибјут на извонредните Queen.

Наше е да ве пречекаме овој четврток во 21.00ч, а ваше е да дојдете и да уживате!

Слични Објави