Никој не е надлежен, проблемот друг ќе ни го реши
Кога ќе се јави проблем истиот треба да го реши надлежната институција. Но за жал многу често поради непознавање на законите или несакаат да ги применат, проблемот и кривицата си ја префрлаат од една институција на друга институција.
Надлежностите кои ги имаат локалните самоуправи се уредени со законот за ЛС и со други закони. Според истражувања кои се правени во последниве години со граѓани во Пелагонискиот регион, скоро 85% од граѓаните не знаат дека уличното осветлување е во надлежност на локалните самоуправи или пак од друга страна дека болниците (на пр. болницата во Битола), иако се наоѓа на територијата од Битола таа не во надлежност на локалната самоуправа, туку под Министерство за здравство.
Многу сликовито Зевзеците го објасниле преку хумор и сатира овај проблем во видео. Сепак барајќи решение низ лавиринтот од закони и надлежности помегу општините и министерствата тие најшле мудро решение. Ако не можеме дома да си ги средиме работите друг од страна е крив, се разбира и треба да ни го реши.