Општина Битола ги објави тековните активности
Според програмите и ребалансот на буџетот а со цел транспарентно и отчетно работење и информирање на јавноста општина Битола ги објави тековните активности.
ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ ВО ТЕК НА РЕАЛИЗАЦИЈА
- – Изградба на нова противпожарна зграда
- – Втора фаза од изградбата на нова детска градинка во АРМ
- – Адаптација на детска градинка во поранешниот Дом за доенчиња и мали деца
- – Работни активности на повеќе од 15 локации/објекти
- – Изградба на 4 спортски игралишта во ОУ Елпида Караманди и Брусничка населба
- – Изготвување на проектна документација и поставување на фотоволтаични соларни централи на шест основни училишта со обезбедена донација
ИНФРАСТРУКТУРА
- – Реконструкции на улици (фаза коловоз) во должина од 9865, 8 метри
- – Изградба и реконструкција на водоводна мрежа 10452,1 метри
- – Изградба и реконструкција на канализациона мрежа 6011,2 метри
- Изградба на нови паркинг простори
- – Овчи пазар
- – Ат пазар
- – Паркинг кај Декорпод
- Подготвителни и градежни работи за:
- – Изградба на нов детски парк во местото викано Областа
- – Изградба на Памп патека до градскиот парк во Битола
- – подготвување на проектна документација на мултифункционален спортски комплекс во Битола (основен проект за изведба) и изработка на нов ДУП за Нова Битола каде и ќе биде лоциран спортскиот комплекс
- – Дополнителни 1.2 милиони денари за санација на дрвените мостови на реката Драгор
ОБЈЕКТИ ОД КАПИТАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА
- – Реконструкција на објектот на поранешниот ресторан Парк во Битола
- – Реконструкција и изградба на поранешната боксерска сала
- – Изградба на училишна спортска сала во Бистрица
- – Санација на Јужната трибина на стадионот “Петар Милошевски” и поставување на ограда
СПОРТ
Континуирана поддршка на професионалниот спорт:
- – РК Еурофарм Пелистер после одбраната на шампионската титула продолжува да се натпреварува во елитната Лига на шампиони дополнителни 3.500.000 денари
- – КК Пелистер оваа година финалист во купот и првенството на Македонија, а оваа сезона повторно ќе биде дел од Аба 2 лигата. Натпреварите ќе се играат во Спортската сала „Боро Чурлевски“ – дополнителни 9.000.000 денари
- – ФК Пелистер повторно во првата лига, онаму каде што припаѓа – дополнителни 13.500.000 денари
- – Поддршка на ПСК Пелистер со дополнителни 3 милиони денари за реконструкција на планинарскиот дом Копанки
- Друга дополнителна спортска поддршка
- – Поддршка на активности на спортски клубови – здруженија на граѓани со дополнителни 2 милиони денари
- – 1 милион денари за организирање на Фиба баскет турнир 3×3 во Битола
КУЛТУРА
- – Поддршка на активностите на фолклорните друштва од нашиот град со 1 милион денари
- – БИТ ФЕСТ 2024 – 5 милиони денари за проекти и иницијативи кои ќе ја збогатат програмата на 16 издание на Битолското културно лето
- – 2 милиони денари за набавка на современ Лед екран за потребите на КИЦ и културните институции во нашиот град
ОБРАЗОВНИЕ
- – Дополнителни 30 милиони денари за поддршка на основното образование
- – 7 милиони денари за реконструкција на санитарните јазли во централното ОУ Коле Канински
- – Поставување на средства за смирување на сообраќајот пред 8 училишта со цел подобрување на безбедноста
ПОДДРШКА НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕКУ ПРОГРАМИ И СУБВЕНЦИИ ЗА ОСОВРЕМУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ КОН ГРАЃАНИТЕ, СО ЦЕЛ ДА СЕ СПРЕЧИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ
- ЈП КОМУНАЛЕЦ
- Поддршка во висина од дополнителни 25 милиони денари:
- • Обновување на уличното осветлување: 5 милиони денари
- • Одржување на јавното зеленило: 10 милиони денари
- • Работа на прифатилиштето за бездомни животни: 10 милиони денари
- ЈП ПАЗАРИ
- – Поддршка од 6 милиони денари
- ЈП ПАРКИНЗИ
- – Поддршка од 5 милиони денари
- ЈОУ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА „СЈУ РАЈДЕР“
- – Поддршка во висина од 4 милиони денари
- ЈП ЖАБЕНИ
- – Поддршка во висина од 600 000 денари