ТРЕТО SLOW FOOD ПАЗАРЧЕ КАЈ ГРАДСКИОТ СААТ

Мед, сирење, различни мелеми, пушено месо и уште многу други производи кои ги нема во ниту еден маркет, на ниту една тезга. Малите производители во Прилеп велат дека интересот кај прилепчани за домашни производи се повеќе се зголемува. Зголемениот интерес се должи пред се на квалитетот на производите, а патот до трпезите го наоѓаат преку директни контакти меѓу производетелите и муштериите. Учесниците на ова пазарче се едногласни дека треба да премини во традиција, а зошто да не се организира и еднаш месечно. Прилепчани сакаат добра и здрава храна, а малите производители имаат потреба од место на кое ќе стануваат се повидливи.

Еден од учесниците беше и Градината на Филип која понуди разновидни сесонски свежи производи, но и интересни преработки како сируп од нанел, ликери направени од органска ракија произвдена од сосптеното лозје кое е органски одгледувано. Покрај сирупот и ликерите, тука се и чаевите и свежите зачински и лековити растенија.

Слични Објави