ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ДЕМИР ХИСАР СО ОСВОЕНО II МЕСТО НА НАЦИОНАЛНО НИВО

На Вики Кампот кој викендов се одржа во Струга, ученичка од ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар, Љубица Калаповска го освои II-то место на национално ниво, со преведени и уредени 14 статии за Википедија на македонски јазик, на тема: „Климатски промени и зелена транзиција“.

На овој камп, за прв пат беше овозможено бесплатно учество со полн пансион на 4 ученици од ООУ „Гоце Делчев“, а истото е резултат на Меморандумот на иницијатива на Локалниот-економско социјален совет, градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски го потпиша со претставници на Американската фондација „Викимедија“.

Останатите ученици од Демир Хисар, исто така постигнаа забележителни резултати и заеднички успеаа да преведат и уредат над 30 статии од англиската на македонската Википедија, со што дадоа исклучително значаен и траен придонес за збогатување на содржините на Википедија, односно за афирмација на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.

Соработката со Википедија продолжува и понатаму, a во наредна фаза е планирано формирање на Сениор Вики клуб во Демир Хисар, кој ќе биде обучен да создава нови содржини на Википедија на македонски јазик. Со акцент на промовирање и афирмирање на културното и историско наследство на Општина Демир Хисар, со што ќе се зголеми туристичката атрактивност поднебјето.

Слични Објави