Сите на броевите За Виктор! – Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност!

Објавени се и телефонски броеви на операторите А1 и Т-мобиле и трансакциска сметка, на која може да се донираат средства за Виктор Николоски, 26-годишен сопруг и татко на четиримесечно бебе, кој се соочува со најголемата битка во својот живот – борба против тумор на главата.

Неговата единствена шанса за лекување е итна операција која може да се изврши во специјализирана клиника во Турција. Меѓутоа, трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и семејството не може да ги покрие самостојно.

Сопругата на Виктор, Александра Николоска, упатува апел до сите хумани луѓе да помогнат во оваа животна борба.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Слични Објави