|

„Убиј ги Прво Децата“ (ВИДЕО)

Во кино Мис Стон, вторник 26.11.2024 од 19.00 часот, ќе се прикачува филмот „Убиј ги Прво Децата“.

Шармантен, младалачки, шизички, љубовен… филм кој прво ќе ви ја убие досадата (ако ја убиете прво мрзата и отидете да го погледнете). Урбана тема, гај ричиевски ритам, супер музика, одличен микс од професионални глумци и натуршчици, реплики за памтење. Ќе ве освежи!



Режија: Димитар Оровчанец, Продукција: ТРИС ФИЛМС, ДМФ ФИЛМС.
Во филмот играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други.
Камерата е на Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска.
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на криминалното подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.
Филмот имаше светска премиера на 30. Филмски фестивал во Сараево, а го затвори 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола на септември.

Слични Објави