Општината, надлежностите, законите и пари за надлежности
Советот на општината донесува („општи акти“):
- Статут: организација и работење на органите на општината и на комисиите во Советот на општината; Вршење работи од јавен интерес што се во нејзина надлежност; Начинот на информирање на граѓаните и кога е јавноста исклучена од седниците на Советот; Начинот и постапката на доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапувањето по нив; Начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните; Начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба; друго.
- Програми и планови: планирање на извршување на надлежноста на општината, најчесто за одредени сектори, а за што е потребно да се предвидат рокови и динамика на извршување;
- Одлуки и други прописи утврдени со закон.
Секогаш, сите донесени акти се водат во Збирка на објавени акти и нивни измени и дополнувања и збирката треба да биде во е – услугите и/или објавени на општинскиот веб, но општите акти бараат
Постапка за донесување на актот:
Предлог за донесување општ акт (до Претседателот на Советот) можат да поднесат: градоначалникот, членовите и работните тела на Советот, или 10 % од избирачите во општината. Предлогот треба да ги содржи причините и содржината на актот, начелата, правна основа за негово донесување, образложение, потребни финансиски средства за негово спроведување и начин на обезбедување на тие средства. Предлогот, претседателот на Советот го доставува до соодветното работно тело на советот и до градоначалникот, заради давање мислење. Работното тело, зазема став за основаноста и за потребата од донесување на актот и за тоа потоа го информира советот. Советот го разгледува предлогот заедно со ставот на работното тело и со мислењето на градоначалникот и ја утврдува основаноста, па ако тоа „помине“, определува изработувач на актот во форма на нацрт – документ (прво има расправа на надлежно работно тело, ставање на дневен ред на седница на Советот), по кој се расправа општо за нацртот, па ако „помине“ (ако не „помине“, може да се врати на доработка), советот поминува на „поединечна расправа“ (се дискутираат и членови и глави на предлогот), па ќе определи изработувач на предлог-одлуката (заедно со записникот од седницата), која изработувачот ја враќа во Советот на општината на усвојување (ставање на дневен ред за седниц на советот). На седницата советот ја гласа предлог – одлуката (актот), но има и тукаразлично мнозинство, зависно видот на акт („апсолутно мнозинство“ или „релативно мнозинство“). Ако го усвојат, актот оди до градоначалникот, кој го објавува (тој донесува „Заклучок“ и го објаавува). Постои и „итна постапка“, на која сите операции одат на иста седница.
Изменување или дополнување на предлогот на одлуката се врши со амандман (се поднесува најдоцна три дена пред седница на Советот, но може и на самата седница, ако сака мнозинството).
Органи на општината
- Совет на општината
Советот се бира со непосредно гласање на локални избори, кога се бира и градоначалникот. Советот донесува статут и други прописи; буџет и годишна сметка на општината; ја утврдува висината на сопствените извори на приход; основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа; именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа; усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби што ги основа општината; ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината; решава за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење; ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби кои ги основа општината; решава за начинот на располагање со сопственоста на општината; решава за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината; го избира лицето што ја раководи подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината; го разгледува и го усвојува извештајот за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител; дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.
- Работа на Советот на општината
Првата седница, 20 дена после изборите ја свикува претседател од претходниот состав, или по истекот на 10 дена после тој рок, тоа го прават самите советници. На таа „конституивна седница“ се потврдува мандатот на членовите на советот. Советници има спрема бројот жители на општината и советникот гласа и говори според сопственото убедување, не може да бидете сменет, ниту да биде гонет кривично за нешто што кажал на седниците, било за општите работи, било за конкретни решенија, со кои може да не се согласи, да бара измени на плановите и предложените материјали. Општинската функција во советот и како градоначалник е неспоива со друга функција, која е изборна од Собранието или владата на на СРМ, ниту да врши стручни или управни работи во органите на државната управа, ниту да биде член на управни одбори или претставник на државниот капитал во трговските друштва, па дури и не може да има свој бизнис. За неоправдано отсуство на три седници, кој ја оценува Советот, Мандатот на член на Советот може да биде одземен.
Седниците се редовни, но во ситуации што не можат да се планираат, може да се свика вонредна седница (таквите ситуации мора да бидат пропишани во статутот) од претседателот, а на почетокот на седницата се гласа за оправданоста на седницата и дневниот ред тогаш не може да се менува. Во Статутот се предвидени видовите мнозинство гласови за секоја прилика, вклучително и бадинтерово мнозинство, ако има застапени малцинства во советот. Работата на седниците е јавна, а ако јавноста ја исклучат, тоа може да биде само со 2/3 мнозинство (добро е ако е тоа одредено со Статут), но само ако не се разговара за буџетот, годишната сметка на буџетот и за урбанистичките планови.
- Распуштање на советот
Советот може да се распушти, ако сам гласа за распуштање; ако повторно го донесе прописот, кој Уставниот суд го укинал или поништил; ако донесе одлука со која се загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на државата; нема да се одржи седница за период подолг од шест месеци; нема да го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година. Тогаш МЛС, откако ја известат дека има основ за распуштање, поднесува предлог за распуштање до Владата, која (најдоцна за 1 месец) донесува таква Решение. Ако има повеќе од 6 месеци до следните локални избори, нема да има нови избори за рестото од мандатот, а ако е подолг периодот – ќе има. Тогаш работите на Советот ги врши градоначалникот, но со ограничувања во врска со сопственоста на општината, некои набавки и кога има судир на интереси.
- Комисии на Советот
Со Статутот се решава какви и колку бројни комисии ќе има. Тие се формираат за одредена област или за повеќе сродни области (пр. Комисија за комунални дејности, Комисијата за урбанизам и за градежништво, Комисија за односи меѓу заедниците, Совет за заштита на потрошувачи, Комисија за одбележување на јубилеј..), но како и да е, тие треба да ги одразуваат пропорционално изборните резултати.
- Претседавач на Советот
Се бира со гласање по сите предлози на советниците и може да има и повеќе „круга“ гласање, додека не останат само двајца кандидати, од кои победува повеќе гласаниот. Тој ги свикува и раководи со седниците, преку доставување од него потпишано Решение, со предлог-дневен ред до секој советник, ги потпишува сите акти на советот и ги доставува до градоначалникот за објавување. Тој треба да закаже седница и на барање на градоначалникот или на најмалку една четвртина од членовите на советот, најдоцна во рок од 15 дена, а ако тоа не го направи, советниците можат сами да свикаат седница и да си изберат претседавач за таа седница.
- Градоначалник
Работи како професионалец (заснован работен однос) и одредува свој заменик од членовите на советот, (не смее тоа да биде претседателот на советот, што е регулирано со статутот), на кој му мирува функцијата советник во тоа време – кога заменува. Градоначалникот е должен да го информира Советот за било каков сопствен конфликт на интереси, а Советот ќе избере еден член што ќе донесува одлуки во негово име.
И извршува:
- Надлежности на општината: ја застапува општината; предлага буџет и годишна сметка на буџетот на општината; го извршува буџетот; избира директори на јавни служби што ги основала општината (преку конкурс); објавува прописите во службениот весник на општината; се грижи одлуките на советот и надлежностите да се извршуваат; иницира донесување прописи; го известува Советот за извршување на своите надлежности; решава управни работи за правни и физички лица (за ова може да овласти раководен службеник да решава во управни работи и да потпишува).
- Раководи со администрацијата: дава предлог до Советот за донесување одлука за организирање општинска администрација; донесува правилник за систематизација; ја раководи општинската администрација; донесува одлуки за вработување, за правата, должностите и одговорностите на вработените, доколку не е определено поинаку со друг закон.
- Врши контрола на законитост на прописи на Советот: Ако Советот на донесе пропис спротивен на Уставот и на законите, Градоначалникот мора да спречи влегување во сила на прописот, градоначалникот ќе донесе решение со кое ќе го запре објавувањето во службениот гласник и ваквото негово решение се објавува во гласникот. Советот мора да го разгледа решението и во рок од 15 дена 1. или ќе го прифати решението и нема да го донесе прописот или ќе го усогласи, или 2. Може да го потврди својот пропис, кој градоначалникот мора да го објави во гласилото. Тогаш, градоначалникот треба да оди на оценување на уставноста и на законитоста на оспорениот пропис до Уставниот суд и да го информира МЛС, затоа што тоа врши надзор над законитоста на прописите на општината, па може да го запре извршувањето на прописот, до изјаснување на УС.
- Општинската администрација ги обезбедува функциите на општината. Истите закони важат за целата администрација (административните службеници имаат ист статус како вработените во органите на државната управа). Тие можат да бидат и редовно и привремено ангажирани, но општините го злоупотребуваат тоа „привремено вработување“, а ЈКП доста помалку го прават тоа(пола од процентот на вработувања на „определено“, спрема општините).
Општините имаат различен број вработени заради непостоењето стандарди за тоа (национален просек е 3 врботени на 1000 жители, но ова се менува спрема изворот на податоци и годината). Има општини кои имаат и по 12 и по еден вработен на 1.000 жители, но прашање е дали општините кои имаат поголем број вработени обезбедуваат и подобри услуги за своите жители.
Администрацијата мора да биде засилено обучувана и преку надворешни и преку внатрешни обуки (помеѓу колеги и на линија поодамнешно врботен – нововработен, наречено и „менторство“), а обуките треба да бидат планирани. Такви годишни планови за обука скоро и да нема или се номинални (колку, да има пишано нешто), нереални или се реализираат во многу мал процент (во 2017 г. имаме остварување на обуки на ниво од 17% од планираното). Најверојатно се работи за тоа дека општините немаат капацитети или волја да ги спроведуваат обуките за вработените (општините издвојуваат 0,06% од своите буџети за обуки), но и квалитетот на достапните обуки е под секое ниво. Дополнително, 47% од вработените кои се во директен контакт со граѓани (шалтерски работници или други вработени кои имаат контакт со странки), не добиле никаква обука за услуги, комуникација со странки или сл. а пак електронските обуки, многу малку се користат (МИОА има електронскиот систем на обуки, кој е неефикасен).
Администрацијата е голем терет за општините, затоа што голем дел од вработените не се корисни, затоа што се примени по партиска линија и кадровски не одговараат на работните задолженија. Таквото трупање кадар води до високо учество на платите (оди и до 85,61% од планираните расходи) во буџетот на општината, а пак тоа води до нереализирање на планираните капитални расходи (реализација од 51,12%).
Администрацијата е мошне слично организирана во сите општини, токму затоа што таков е системот, кој на секоја општина ѝ дава исти надлежности, без оглед на големина, карактеристики и сл. Сепак има и разлики. Само како пример, даваме споредбеник на администрациите во Прилеп и Битола
Прилеп Битола 1. Одделение за внатрешна ревизија
2. Одделение за управување со човечки ресурси
3. Територијална противпожарна единица
4. Секретар на општината
I. Сектор за правни и општи работи и јавни дејности
– Одделение за правни работи
– Одделение за општи работи
– Одделение за јавни дејности
– Одделение за ЛЕР и прекугранична соработка
– Одделение за контакт со граѓаните, НВО, информирање
– Одделение за јавни набавки и администрирање на движниот имот во сопственост на општината
II. Сектор за финансиски прашања
– Одделение за буџетска координација
– Одделение за буџетска контрола
– Одделение за сметководство и плаќање
– Одделение за администрирање на приходи
III. Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина
– Одделение за урбанизам и заштита на животна средина
– Одделение за комунални работи
– Одделение за локални патишта и улици
– Одделение за управување, располагање, администрирање, евиденција на недвижен имот во сопственост на општината
IV. Сектор инспекторат
– Одделение за комунална, урбанистичка, градежна и сообраќајна инспекција
Одделение за просветна инспекција, за заштита на животна средина и друга инспекцијаI. Сектор за внатрешна ревизија
– Одделение за ревизија на системите за внатрешна контрола и ревизија на усогласеност
– Одделение за ревизија на успешност во работењето (извршувањето), финансиска ревизија и ИТ ревизија
Одделение за управување со човечки ресурси
Територијална противпожарна единица
Секретар
II. Сектор за правно – нормативни, административни и општи работи
– Одделение за правно – нормативни работи
– Одделение за административни и општи работи
– Одделение за имот и имотно – правни работи
III. Сектор за економски развој, јавни дејности и информатичка технологија
– Одделение за економски развој
– Одделение за јавни дејности
– Одд. за ИТ
IV. Сектор за финансиски прашања
– Одделение за буџетска координација
– Одделение за буџетска контрола
– Одделение за сметководство и плаќање
– Одд за администрирање на приходи
– Одделение за јавни набавки
V. Сектор за спроведување урбанистички планови, урбанистичко планирање ЗЖС, комунални дејности и уредување на градежно земјиште
– Одд за спроведување на урбанистички планови
– Одд за урбанистичко планирање и ЗЖС
– Одд за комунални дејности и уредување на градежно земјиште
–
VI. Сектор за општински инспекторат
– Одд за комунална и ЖС инспекција
– Одд за урбанистичко планирање и ЗЖС
– Одд за инспекција на приходи, туризам, угостителство, образование и спорт