17-ТИ УЛТРА МАРАТОН ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ
Денес попладне од Нова Градишка, Хрватска тринаесет маратонци од Македонија ќе тргнат на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17- от ултра маратон што се одржува во негова чест.
Како што соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески, маратонците вчера пристигнале во Загреб, во македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде била одржана литургија во чест на Тоше. Според агендата предвидено е да имаат прием од македонскиот амбасадор во Загреб Милиам Фетаи.
Вечер ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат околу пладне на 16 октомври, годишнина од загинувањето на Тоше Проески, соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески.
Како што е наведено маратоницте ќе бидат пречекани во Крушево.
Традиционално со црвени рози и на Гумење. На вечното почивалиште ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец.
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.